КОГА НЕ МОЖЕ НАШАТА ВЛАДА-ЌЕ НИ ПОМАГА ДРУГ: Вучиќ изјави дека ќе помогне со струја и храна, за да Македонија ја помине зимата

Александар Вучиќ-претседателот на Србија, синоќа повторно најави дека ќе и помогне на нашата земја во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Имено, синоќа Вучиќ на „Пинк ТВ“ истакна:

“Секој секому може да помогне. Може во одредени денови, да и помогнене на Македонија во струја и во храна. Постојат различни денови некој повеќе се ослонува на хидрологијата, кога е добра Албанија може да и помогне на Македонија, понекогаш дури и на нас” – истакна Вучиќ.

















