Вечерва во прилепски Параклис ќе се служи Големо повечерие, а веднаш потоа и предавање на тема “Првородниот грев”

Денеска, во третиот петок од Великиот Велигденски пост во храмот св. Кирил и Методиј – Параклис, со почеток од 17 часот ќе се служи Големо повечерие на кое ќе се чита акатист посветен кон Пресвета Богородица, и ќе се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ.
Потоа, ќе се одржи и предавање во овогодишниот циклус од предавања на тема за ПРВОРОДНИОТ ГРЕВ на кое ќе предава отец Јове Тренчевски, во просториите на административната зграда.
ВОЕДНО И ПОКАНА до верниот народ, свештеното братство за присуството на предавањето.
Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи не, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!