Мајка на дете јавно обвинува вештак од Прилеп, психолог од Битола и таткото на нејзиното дете, дека сите тие заедно “скоцкале наод” за нејзиното детенце
На социјалните мрежи кружи видео каде мајката на едно дете јавно обвинува вештак од Прилеп, психолог од Битола и таткото на нејзиното дете, дека сите тие заедно “скоцкале наод” за нејзиното детенце. Исто така, оваа мајка ја обвинува и маќеата на нејзиното дете, а воедно нагласува дека сите овие претходно наведени личности, направиле кривично дело “Кршење на личноста на дете”, бидејќи како што истакнува оваа мајка, сите тие заедно напишале дека нејзиното дете не е со нормален раст и развој. Во прилог Ви ја пренесуваме целосната објава од мајката на детето:
“Психолог од Битола, жена, сопствениот татко и маќеата скоцкале наод за моето дете каде пишува страшни лаги, заедно со вештак од Прилеп. Направено е кривично дело Кршење на личноста на дете. Споделувајте го видеото. Слободно. Да види и психологот и вештакот дека врз здраво дете извршија ЕКСПЕРИМЕНТ каде напишале дека не е со нормален раст и развој. Се со цел од користољубие и штета на моето девојче и мене, за да ми се одземи старателството на база на лаги, невистини и повредување на личноста на едно женско дете. ЈАНА ТИ СИ ПАМЕТНА И УБАВА. Многу попаметна од сите возрасни запамет”-стои во објавата на мајката од Битола.
