Градоначалникот Јовчески со своето присуство даде поддршка на денешниот хуманитарен хепенинг

Денеска, од 19 часот пред градскиот саат во центарот на Прилеп, започна хуманитарниот хепенинг во организација на еснафот на бербери, фризери и козметичари од Прилеп. Прилепчани денеска имаа можност да уживаат во убава музика, а истовремено да се потстрижат, нашминкаат, како и да се исфенираат, а собраните средства-како што најавија од еснафот на бербери, фризери и козметичари од Прилеп, ќе бидат наменети за помош на семејствата чии домови изгopeа од удap на гpoм.
Поддршка на овој хуманитарен настан со своето присуство даде и прилепскиот градоначалник Јовчески и неговиот тим, кои што денеска беа помеѓу присутните на овој хуманитарен настан.