Ова е година на пензионерите: Од месец март ново линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари
Од месец март линеарно зголемување на пензиите за нови 2.500 денари, потврди Премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
Сега во мартовската пензија – односно која што ќе биде исплатена почетокот на април, односно како што доаѓа исплатата на пензиите практично самиот крај на март, почетокот на април за мартовската пензија. Оние дополнителни 2500 денари линеарно зголемување, со што се заокружува она ветување дека во првата година, линеарно пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Ние за 9 месеци еве тоа ќе го направиме, и мислам дека пензионерите се задоволни од оваа мерка… Повеќе од 300.000 пензионери ќе го добијат тоа покачување со мартовската пензија – истакна Мицкоски.


















