Владата не може, па Јапонија ни донира опрема наменета за третман на пост-ковид пациенти

Сподели го ова:


Владата не може, па Јапонија ни донира опрема наменета за третман на пост-ковид пациенти, па се поставува прашањето дали еднаш Владата ќе застане на здрави нозе за да набави она што е потребно за да здравството во нашата земја беспрекорно функционира. “Со овој настан, ја заокружуваме првата фаза од социо-економскиот гранд за медицинска опрема во вредност од 813 илјади евра. Ова е програма создадена од јапонската влада наменета за помош за пријателските земји. Поконкретно, станува збор за опрема наменета за третман на пост-ковид пациенти, која се состои од дефибрилатори, електро-кардиограми, анализатори за крв, централни монитори, мобилни рендген апарати, медицински фрижидери и мобилни ехо апарати. Оваа опрема е наменета за дел од универзитетските клиники и тоа Инфективната клиника, КАРИЛ и ГОБ „8 Септември”, истакна министерот за здравство Сали.





Сподели го ова:

Слични објави