ДО КОГА ВАКА?? Ново зголемување на цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,09 % во однос на одлуката од 6.06.2022 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит.
Од 9.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 110,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 112,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)
