Чонески уште поблиску до граѓаните! Оствари средби со граѓаните од населените места Алданци, Норово, Врбоец, Свето Митрани и Бучин
Крушевскиот градоначалник Нико Чонески оствари средби со граѓаните од населените места Алданци, Норово, Врбоец, Свето Митрани и Бучин.
“Разговаравме отворено за проблемите со кои се соочуваат, за нивните приоритети и за потребите што треба да бидат ставени во фокус во наредниот период.
Заеднички ги разгледавме можностите за подобрување на условите за живот и инфраструктурата во секое од овие населени места.
Овие теренски средби ќе продолжат и во наредниот период и во останатите населени места, затоа што директната комуникација со граѓаните е клучна за носење одлуки што се во нивен интерес и за рамномерен развој на целата општина” – истакна Чонески.


















