Во ПШС “Црн-Бор”-Прилеп закани по вработен од страна на еден шумски полицаец и друг вработен во самата Подружница
Како што дознаваме, денеска околу 08:25 минути, едно лице од Подружницата ШС “Црн Бор”-Прилеп вршејќи ја својата работа и работни должности по опис и попис на своето работно место, било попречено од К.М. кој исто така работи во Прилепската Подружница кое било во придружба на негов пријател кој што бил шумски полицаец од Шумската полиција во Прилеп. Имено, лицето кое е дел од Комерцијалниот сектор на оваа Прилепска Подружница вршејќи ја својата должност по опис и попис на своето работно место, утринава било попречено од К.М и шумскиот полицаец од Прилеп, при што двајцата почнале вербално да го напаѓаат лицето од Комерцијалниот сектор кое само си ја вршело својата работна задача, при што овие двајца му викале да излези надвор од кругот на Прилепската Подружница за да физички се пресметаат. Меѓутоа, лицето врз кое неоправдано биле упатувани овие закани ужива голем висок рејтинг во градот благодарение на неговата висока интелектуална способност и познавање на законите и законските прописи на дејствување и работење, и не сакал да падни на толку ниско ниво и физички да се пресметува со овие две лица кои по се изгледа не ги познаваат ниту законите на функционирање и работење во државни институции и претпријатија. Врз основа на тоа, лицето од Комерцијалниот сектор, денеска во Полициската Станица во Прилеп ги пријавило овие две лица заедно со сведокот на настанот кој што целосно во ПС-Прилеп ја потврдил денешната случка. Од страна на полицијата, врз лицето К.М. кое е вработено во прилепската подружница и врз шумскиот полицаец ќе бидат превземени соодветни законски мерки. Како што истакна адвокатот на оштетеното лице, против овие две лица кои се заканувале и навредувале, ќе биде покрената тужба за закани по живот, претрпен стрес, попречување на работниот процес и слично.