После Скопје, Прилеп се наоѓа на второто место со заболени од Ковид 19
Во однос на бројот на заболени од Ковид 19, најмногу има во Скопје, а веднаш зад Скопје се наоѓа Прилеп каде има 148 активни случаеви, во Битола 135 и во Велес 101. Во останатите градови во нашата земја бројот на заболените од Ковид 19 е под 100 заболени. Пехчево и Дорјан моментално немаат ниту еден активен случај од Ковид 19.
