Владата купува 100 нови амбулантни возила во вредност од 7,5 милиони евра
Македонското здравство ќе добие 100 нови амбулантни возила. Станува збор за инвестиција во вредност од 7,5 милиони евра. Оваа одлука беше донесена вчера на владината седница.
Со овие 100 нови амулантни возила ќе се модернизира итна медицинска помош низ цела земја, а исто така ќе се овозможи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациентите до болниците и подобра покриеност како во урбаните, така и во руралните средини.















