СЕГА НА ПОДЕГ СЕ ПРИЛЕПЧАНИ: Да и помогнеме на Весна во нејзината битка

Сподели го ова:


























Во Арт Кафе – Апореа на 27.12.2022 (вторник) ќе се одржи хуманитарен концерт, се со цел за да и се помогне на Весна во нејзината битка со канцерот. На хуманитарниот концерт ќе настапат The Hounds и Cyrillic, додека пак влезот има симболична цена од само 100 денари.

Сега прилепчани се на подег, и се очекува во што поголем број да ја покажат својата хуманост и да и помогнат на оваа храбра жена и мајка.

На Весна и е дијагностициран метастатски рак на белите дробови. Станува збор за мајка на две деца, како и за жена која цел живот и го посвети на науката, па надежта на Весна е дека токму науката е таа која сега ќе ја спаси.

Се гледаме сите во Арт Кафе – Апореа на 27.12.2022 (вторник), за да и помогнеме на Весна!




Сподели го ова:

Слични објави