Проданоски: Од денес до 31.12.2025 година Прилеп ќе биде центар на добра забава, вкусна храна и радост за сите
Почитувани,
Ве поканувам, во последната недела од оваа година, заедно да ја испишеме најубавата прилепска празнична приказна.
Од денес, до 31.12.2025 година, Градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп, ќе биде центар на добра забава, вкусна храна и радост за сите.
Заедно да уживаме во најубавиот период од годината! – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.















