Вчера во Прилеп градоначалниците Проданоски и Чонески учествуваа на тркалезна маса организирана во рамки на проектот „Младите се гласот на промените во општините“

Сподели го ова:































Вчера во Прилеп, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски, градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, претседателката на Советот на Општина Прилеп, советници од Прилеп и Крушево, како и административни службеници и млади, учествуваваа на тркалезна маса организирана во рамки на проектот „Младите се гласот на промените во општините“.

Настанот имаше за цел да поттикне поголемо и поактивно вклучување на младите во локалните процеси, како и зајакнување на младинскиот активизам.

Во рамки на настанот, младите ги презентираа документите со препораки, кои произлегуваат од претходно собрани мислења, предлози и решенија од младите од Прилеп и Крушево, со цел унапредување на нивното учество во локалната заедница.

Тркалезната маса претставуваше значајна можност за отворен дијалог, размена на идеи и заедничко разгледување на конкретни чекори за развој на општеството преку активно младинско учество.

Настанот беше организиран од граѓанските организации Младински Совет Прилеп и Empowering Крушево.




Сподели го ова:

Слични објави