Еве до кога ќе имаме ниски температури кои не се карактеристични за овој летен период од годината
Претежно свежо и облачно време кое не е карактеристично за овој период од годината ќе преовладува денеска и утре, при што на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Локално ќе има услови и за појава на грмежи кои што ќе бидат проследени со умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Што се однесува пак до максималните температури, истите овој викенд ќе се движат од 16 до 22 степени, додека пак во Прилеп и Пелагонискиот регион максималната температура се очекува викендов да достигне до 18-тиот степен. Затоплување и постепено враќање на времето во нормала се очекува веќе од понеделник.