Пецаков: Светите браќа Кирил и Методиј имаат бесценето историско, духовно и културолошко значење за македонскиот народ и за сите народи кои имаат старословенско потекло

Сподели го ова:





























На денешниот голем, државен празник 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, се сеќаваме на големите македонски просветители кои што ни го подарија најголемото богатство, писменоста. По повод денешниот празник, до граѓаните преку честитка се обрати градоначалникот на општина Охрид-Кирил Пецаков. Неговата честитка, целосно Ви ја пренесуваме во прилог на оваа објава:

“Светите браќа Кирил и Методиј имаат бесценето историско, духовно и културолошко значење за македонскиот народ и за сите народи кои имаат старословенско потекло. Нивната мисија за ширење на христијанската мисла и нивните дела претставуваат неисцрпна инспирација за човештвото и целокупниот цивилизациски напредок.Со создавање на словенската азбука – глаголицата, овие светители ги поставија темелите на просветителството и ни го дадоа најважниот патоказ кон иднината. Затоа како нивни горди потомци треба посветено да го продолжиме аманетот за ширење на писменоста, зачувување на идентитетот и препознатливите културни вредности. Денешното потсетување на нивниот творечки пат и неизмерната љубов кон Бога нека одекне силно и нека биде водилка во борбата за подобар живот за нашите поколенија.Вечно нека е името на светите браќа Кирил и Методиј, нека ни е честит и вековит денот на македонските и сесловенските просветители” -истакна градоначалникот на општина Охрид-Кирил Пецаков во својата честитка до граѓаните, по повод 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј.




Сподели го ова:

Слични објави