ВИДЕО: Во Прилеп пригодно одбележан – Денот на Примирјето

Сподели го ова:


По повод примирјето од  Првата светска војна и Денот на народна жалост амбасадите на Република Франција и Сојузна Република Германија во Македонија на Германските гробишта во Прилеп денеска им одадоа почит на паднатите жртви од Првата светска војна. На церемонијата присуствуваа претставници од Кабинетот на претседателот , Собранието, Општина Прилеп  и Совет на Општина Прилеп и од повеќе амбасади. Амбасадорката на Германија г-ѓа Анке Холштајн, рече дека потребна е солидарност  и активна соработка и меѓусебна доверба.

„Обидите од германското општество да ја сопрат германската уништувачка машинерија, како тие на групата за отпор Бела Роза, веќе беа задушени. Никогаш не треба да ги заборавиме. Многумина ја платија својата храброст со животот. Оваа година Софи Шолс, лидерот на Бела Роза  ќе го имаше стотиот роденден. Имаше 21 година кога беше погребана. Тоа што се случило не можеме да го вратиме назад , ниту да го игнорираме. Единствениот пат што ни останува е да се заложиме за тоа, војната и диктатурата никогаш повторно да не се повторат. Мораме со сета сила внатрешно да се ангажираме за демократија и толеранција, а надворешно за разбирање и помирување“, истакна амбасадорката Холштајн.Во својот говор градоначалникот Борче Јовчески посочи дека на денешен ден се потсетуваме и ги споменуваме загинатите, но исто да се потсетиме и дека тие времиња се зад нас и да посочиме дека денес треба да го одржуваме мирот кој што постои помеѓу нациите кои порано биле завојувани или спротивставени страни.

„Се сеќаваме и им оддаваме почит и на сите раселени лица и на сите жртви на насилство, од сите војни и од сите народи. На денешен ден се потсетуваме и ги споменуваме загинатите, но исто да се потсетиме и дека тие времиња се зад нас и да посочиме дека денес треба да го одржуваме мирот кој што постои помеѓу нациите кои порано биле завојувани или спротивставени страни. За жал, не сите народи и нации можат да го уживаат мирот кој го уживаме ние. Сеуште во светот, на повеќе континенти и во повеќе држави секојдневно луѓето се соочуваат со насилства од различен тип. Сеуште има вооружени конфликти, дури и ограничување на слободата. Голем број на луѓе, умираат, некои живеат страдајќи, а некои пак се раселуват од своите места на живеење. Историскиот процес и сите негови случувања претставуваат уникатен и светски пример како војните треба да станат заборав. А ние сите заедно да се бориме за слобода и еднаквост и да бидеме горди на мирниот соживот и одржувањето на мирот во светот“, истакна градоначалникот Јовчески.На Германските гробишта во Прилеп почиваат преку 1.700, пред се, германски војници од Првата светска војна.





Сподели го ова:

Слични објави