Јовчески, Гулабоски и Ирена Стерјовска во посета на приватната кланица ,,Серта Компани” која работи на територијата на општина Прилеп

Сподели го ова:


























Можно е да е слика од 5 луѓе и луѓе што стојат

Денес прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, директорот на ЈКП “Водовод и канализација”-Игор Гулабоски, и заменик градоначалникот на Прилеп-Ирена Стерјовска Локвенец беа во посета на приватната кланица ,,Серта Компани” која работи на територијата на општина Прилеп. Оваа приватна фирма учествува со 75% од вкупниот извоз на македонско јагне за Европскиот пазар, што значи дека учествува со значителен износ во БДП на државно ниво, на ниво на Република Македонија. Исто така е единствена во Македонија која го има ХАЛАЛ сертификатот за извоз на јагнешко и јунешко месо. По тој повод, градоначалникот Јовчески истакна дека: “Како Локална Самоуправа секогаш ги поддржуваме и се однесуваме со респект кон економските оператори кои вложуваат во постоечкиот капацитет, но имаат и визија за раст и развој.Оваа посета се должи на тоа да се увиди процесот на припремата на јагнешкото месо пред стартот на велигденскиот извоз на истото за Италија, Германија, Хрватска, Грција, Бугарија, Јордан и други земји”-истакна Јовчески

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и внатре
Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат и внатре




Сподели го ова:

Слични објави