На 4-ти февруари, ќе врие од полиција на гробот од Гоце Делчев

Сподели го ова:


























Владата, на денешната седница донесе и заклучоци во врска со одбележувањето на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев.

Задолжено е Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно со препораките од надлежните служби соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност. 

“Според сите проценки тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи не смеат и нема да бидат само неми набљудувачи на тоа што ќе се случува” – изјави Пендаровски во текот на вчерашниот ден.

Пред неколку дена се огласи и Александар Пандов од Патриотскиот институт, при што истакна:

“Слушам дека разни негатори и бугарски инсталации се спремаат да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев на 4 февруари. Јас и Патриотскиот институт на ВМРО ќе бидеме таму од раните утрински часови затоа што Гоце е Македонија, а Македонија е Гоце! Почитувајте го Гоце како Македонец роден во Македонија и никако поинаку!” – истакна Пандов.




Сподели го ова:

Слични објави