Градоначалникот Јовчески: “Во овие моменти за нас како загрижени сограѓани приоритет ни е прашањето за малиот Петар, па затоа од надлежните побарав нови информации во врска со потрагата”

Сподели го ова:


Можно е да е слика од 3 луѓе, седнати луѓе и внатре

Денеска прилепскиот градоначалник Борче Јовчески остави средба со надлежните од ПС од Општа надлежност – Прилеп, се со цел за да се информира до каде е потрагата со десет годишното момче од Прилеп, како и да се изнајде начин, се со цел да се обезбеди една поголема сигурност на граѓаните и на пешаците. Во однос на оваа средба се огласи и прилепскиот граодначалник Јовчески, при што истакна:

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат, седнати луѓе, канцеларија и внатре

“Денес на мое барање остварив работен состанок со надлежните од ПС од Општа надлежност – Прилеп. Во овие моменти за нас како загрижени сограѓани приоритет ни е прашањето за малиот Петар, па затоа од надлежните побарав нови информации во врска со потрагата. За жал бев информиран дека Петар сеуште не е пронајден и потрагата продолжува. Јас и понатаму останувам во контакт со надлежните служби и со сите вклучени фактори и апелирам уште еднаш до сите совесни и хумани луѓе кои што се во можност да помогнат во потрагата. Тема на разговор исто така беше да се обезбеди поголема сигурност на граѓаните и на пешаците. После неколку дојави од наши загрижени сограѓани за брзо возење во неколку делови од градот, мојата цел беше да им сугерирам на надлежните институции да ја подигнеме безбедноста и контролата како врз сообрајќајот така и врз секаков облик на незаконски или кривични дејствија”-истакна Јовчески.





Сподели го ова:

Слични објави