СЕ ПРОМЕНИЈА ВРЕМИЊАТА: Порано со парите од тутунот можеше да се купи нов автомобил, а денес со тие пари можат да се подмират само трошоците за следната реколта
Можеби се сеќавате на онаа позната, стара изрека од Вашите баби и дедовци дека порано кога ќе ги земеле парите од сработениот тутун, со тие парични средства можеле да си купат дури и нов автомобил, а денес со парите од тутунот едно семејство не може да си дозволи да си купи ниту “автомобил на старо”.
Секоја година тутунарите очекуваат да добијат реалната цена за својот труд, а како ќе биде годинава – останува да видиме!