“Ќе грмнат” и тапани – и зурли! Утре, селото Штавица ќе го одбележи празникот посветен на Рождеството на Пресвета Богородица“
Утре, по повод големиот христијански празник „Рождество на Пресвета Богородица“ или попозната како Мала Богородица, населеното место Штавица традиционално ќе го одбележи овој голем празник, во дворот на црквата во селото која што го носи името „Рождество на Пресвета Богородица“.
На 21 септември во црквата во с. Штавица ќе започне утринска литургија со почеток од 7:30, а веднаш после литургијата ќе има општонародна веселба за која се задолжени добро познати музичари. Колку за потсетување, селото Штавица преку оваа слава, традиционално го одбележува овој голем празник.
За многу години на помош!