ВИДЕО СТЕРЈОВСКА – ЛОКВЕНЕЦ: Носиме револуционерна одлука – мерка со цел општината да обезбеди самостојно инвестициско вложување

Сподели го ова:


























Како што информиравме во претходните наши објави, во четвртокот се одржа 25-тата седница на Советот на Општина Прилеп. Предлог – одлуката за задолжување на Општина Прилеп преку издавање на обврзници, се најде на дневен ред на оваа седница, каде советниците најмногу  дебатираа, изнесувајќи свои ставови и мислења по оваа точка. Веднаш после дебатата, со поименичното гласање советниците дадоа „зелено светло“ за издавање општинска обврзница во висина од пет милиони евра,  наменета за реализација на неколку капитални проекти во Општина Прилеп.

Едно од највпечатливите излагања на седницата, беше говорот на заменик градоначалникот на Општина Прилеп Ирена Стерјовска – Локвенец, која всушност е и советник во советот на Општина Прилеп и претседател на Комисијата за финансирање и буџет. Имено, еве што поточно истакна Стерјовска-Локвенец во однос на предлог – одлуката за задолжување на Општина Прилеп преку издавање на обврзници:

Како советници, денеска овдека сме испpавени пред една новина, а тоа е носење на одлука за издавање на општинска обврзница. И како партија, и во минатото – и сега, ние често знаеме зошто овдека доаѓаме како функционери – претставници од политичките партии, па комотно можам да искористам вокабулар кој што го користиме “внатре-партиски”, а тоа е дека носиме револуционерна одлука- мерка со цел општината да обезбеди самостојно инвестициско вложување!

Денеска Ве слушав повеќето од Вас колеги советници, и гледам дека уште имате трауми од успешното владењње на ВМРО ДПМНЕ до 2016 година. Уште имате трауми, од проектот “Скопје 2014”. Меѓутоа знаете што? Мене пак ми ѕунат ушиве од “плех музиката од тунелот”. Eте тоа – да Ви направам една добра компарација за да ви објаснам како работи ВМРО – ДПМНЕ и на централно, и на локално ниво.

Разбирливи ми се вашите трауми. Вие во Вашиот мандат, не направивте ништо! Ние, еве сега ќе најдеме начин со свеж капитал да направиме круцијални проекти кои се од интерес на квалитетот на нашите сограѓани, нешто што ние го ветувавме – меѓу другото нагласи Стерјовска – Локвенец.

Целосното видео на заменик градоначалникот на Општина Прилеп Ирена Стерјовска – Локвенец, која всушност е и советник во Советот на Општина Прилеп и претседател на Комисијата за финансирање и буџет, може да го погледнете – преку видеото кое следи во прилог на оваа објава.




Сподели го ова:

Слични објави