Прилеп тагува! Денеска е погребот на протоереј Гоце Маџароски
Со длабока тага известуваме дека се упокои во Господа нашиот собрат во Христа, протоереј Гоце Маџароски, долгогодишен парохиски свештеник и верен служител на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во него имот матичен храм “Св. Кирил и Методиј” – Параклис, во Прилеп, на 19.11.2025 година (среда), од 08:00 до 12:00 часот.
Опелото ќе се изврши во истиот храм во 12:30 часот, по што ќе следи погребението на новите градски гробишта.
Кратка биографија
Протоерејот Гоце Маџароски е роден на 21 јули 1961 година во селото Пашино Рувци. Основното образование го завршува во родниот крај, по што се запишува во Македонската Православна Богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Богословски студии завршува на Богословскиот факултет во Скопје, каде што дипломира во 2001 година.
Од страна на неговиот надлежен архиереј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, е ракоположен во ѓаконски чин во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Прилеп, а во свештенички чин на 13 февруари истата година, во храмот „Св. Димитриј“ во селото Кривогаштани.
Во 1992 година е поставен за парохиски свештеник во храмот „Свето Благовештение“, каде служи до 1996 година, кога е преместен во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Прилеп. На оваа парохија останува до своето заминување во пензија во 2025 година.
Од осветувањето во 2015 година, протоерејот Гоце Маџароски редовно богослужеше и во нашиот храм “Св. Петка” се до неговото пензионирање.
Бог да го прости и да ја всели неговата душа во рајските населби.
Вечен му спомен и Царство небесно!


















