ПОЖАР ВО ДОЈРАН: Кире Михаилов, го повика на одговорност градоначалникот на Дојран, Aнго Ангов

Сподели го ова:


























Заменик-генералниот директор на „Национални шуми“, Кире Михаилов, го повика на одговорност градоначалникот на Дојран, Aнго Ангов, за настанатиот пожар. Михаилов тврди дека дојранската депонија, во времето кога се запалила, била оставена без чувар и заклучена, па поради тоа екипите на противпожарната екипа не биле во можност да влезат во депонијата, за да спречат огнените јазици да се прошират.

ИТНО барам да понесе одговорност градоналникот на општина Дојран Анго Ангов и да одговори дали навистина дојранската депонијата била заклучена и запалена одвнатре, а поради тоа екипите на ТППЕ не биле во можност да влезат веднаш во депонијата и да го спречат првичниот пожар кој пред малку излегол од депонијата кон м.в. Карабалија, а поради ветрот огнот опасно се доближува кон Стар Дојран и е надвор од контрола⁉️

Ако имало чувари на депонијата, како дозволиле да влезат неовластени лица и да ја запалат депонијата⁉️” – истакна Михаилов.

Подоцна, Градоначалникот на Дојран Анго Ангов го обвини Михаилов дека бил избран само за да седи во канцеларија и дека не знаел што се случува на терен, а напротив, Михаилов откако е назначен за заменик Директор, нонстоп е на терен и не е прибран дома❗️

Да му одговорам дека обвинувањето му е пратено на погрешна адреса и еве да му разјаснам дека откако сум поставен за Заменик Генерален на ЈП “Македонски Шуми” во овие десетина дена, Македонија ја свртев неколку пати и бев секаде каде што можев да стигнам, а најмналку сум седел како што обвинува тој во канцеларија❗️

📌 Покрај ова, сакам да го прашам Градоначалникот три работи :

дали е вистина дека се појавил само неколку минути на лице место каде екипите го ваделе пожарот, а потоа се повлекол⁉️

– дали навистина не му текнало како човек, не како Градоначалник да донесе барем по едно шише вода на луѓето кои на овие ненормални горештини давале натчовечки напори во справувавњети со пожарот⁉️

– од причина што тврди дека го владее теренот и не е како мене да седи само во канцеларија, дали знае каде се најдени тубите и зошто таму каде што се најдени неговите вработени ги немаат видено⁉️– запраша Михаилов




Сподели го ова:

Слични објави