Пратеникот Милевски спoдели убава вест од Министерот Муцунски: ЕК одобри 65,7 милиони евра за Македонија

Сподели го ова:





























Пратеникот во македонското Собрание, Пеце Милевски, на социјалните мрежи сподели убава вест од Министерот Тимчо Муцунски, врз основа на која што Европската комисија денеска официјално одобри 158,9 милиони евра во рамките на Планот за раст на Западен Балкан, а Македонија е лидер во добиените средства, при што 65,7 милиони евра се наменети за нашата земја.

“Да се потсетиме: пред неколку недели во интервју за Сител Телевизија говорев дека очекуваме значајна поддршка од Европската комисија во рамки на Инструментот за реформи и раст. Денеска тоа и официјално се потврди – Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони евра за нашата држава, што претставува највисок износ во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора.

Ова е јасна потврда за силната посветеност на Владата кон реформите, исполнувањето на обврските од Планот за раст и имплементацијата на европските вредности и стандарди на домашен план. Воедно, тоа претставува признание за сериозниот пристап, институционалниот капацитет и реформскиот напредок на државата.

Од исплатените 65,7 милиони евра, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, додека преостанатите средства ќе бидат ставени на располагање за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан” – порача Муцунски.




Сподели го ова:

Слични објави