Постои ризик граѓаните да не можат да ги обноват документите бидејќи КСОМ и Синдикатот на управата најавуваат штрајк
Постои ризик граѓаните да не можат да обноват документи бидејќи КСОМ и Синдикатот на управата најавуваат штрајк. Исто така, ако штрајкот трае подолго време, огромниот број на наши граѓани од дијаспората кои постојано доаѓаат преку летните одмори за да ги обноват сопствените лични документи, не ќе можат да ги обноват, поради најавениот штрајк.
“Јавноста мора да знае дека учениците кои наназад 2 недели не посетуваа настава заради штрајк на просветните работници сега со штрајкот на Независниот синдикат на управата за Матични книги родителите нема ни да можат да ги запишат нивните деца за наредната година поради неработењето на матичните канцеларии“- истакнуваат од КСОМ