ВИДЕО: Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа седмата редовна седница на чиј дневен ред се најдоа повеќе точки од интерес на граѓаните

Сподели го ова:


Советот на Општина Прилеп денеска  ја одржа седмата редовна седница на чиј дневен ред се најдоа повеќе точки од интерес на граѓаните. Советниците ги усвоија Извештајот за работата на Советот за 2021 година и Програмата  за работата за 2022 година.Со мнозинство гласови се усвои и Програмата за култура за 2022 година, Одлука за прифаќање на спонзорство на Општина Прилеп како и Предлог-Одлука за изменување и дополнување усогласување со Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ бр.24/2021)на Одлуката за основање на Центар за развој на ПЕЛАГОНИСКИОТ плански регион број 08-1957/4 од 07.02.2008. На седмата седница беа донесени и одлуките за усвојување на финансискиот план и  програмата за работа на ЈКП Пазари – Прилеп за 2022 година, финансиските планови на јавните уставови Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник, Детските градинки „Наша иднина“, финансискиот план и програмата за реализација на дејности за 2022 година за Градската библиотека „Борка Талески“ и финансиските планови за сите основни и средни училишта  вклучувајчи го и основното музичко училиште „Ордан Михајлоски Оцка“.

Советниците ги усвоиjа и Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Прилеп за 2022 година, Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата  на  Општина Прилеп за 2022 година како и Одлуката за давање на трајно користење на недвижен имот кој се наоѓа на КП 10029 КО Прилеп сопственост на ЕЛС-Општина Прилеп.

На оваа седница беа  именувани членови на управни и училишни одбори во неколку институции.

Дневниот ред беше дополнет со уште три точки по што советниците ги усвоија Одлуката за воведување на редовен линиски превоз на ЈП за ПУП на релација Прилеп-Подмол-Прилеп, два пати на ден, Заклучокот за обезбедување на картирање на Детален урбанистички план во УЕ 15, УБ 15.01 плански опфат ..3.. (Четврт 12, блок 12.1, плански опфат 3, со Одлука бр.25-2888/5 од 28.12.2015 година), Општина Прилеп, плански период 2015-2020 и Решение за именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.





Сподели го ова:

Слични објави