Од 1 Февруари ќе започне второто полугодие од учебната година

Сподели го ова:


Главниот кризен координативен штаб (ГККШ) за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот денеска донесе заклуок според кој што во моментов земјата се наоѓа во пик поради кој препорачува учебната година да се одложи до 1 февруари годинава со предуслов да бидат упатени силни апели до родителите на учениците за строго придржување на мерките за заштита од Ковид 19. Овој заклучок е предложен до Владата. Првата седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата ја водеше премиерот Ковачевски, а на неа присуствуваа и претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска како и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски.





Сподели го ова:

Слични објави