Од утре веќе нема „гарантирана цена“ на прехранбените производи
Мерката загарантирана цена на дел од прехранбените производи како што се лебот, млекото, тестенините, дел од месните производи и слично, од утре нема да важи. Исто така, истекува и рокот на владината одлука со која беа намалени увозните давачки за зеленчукот.
Дали од утре е можно да имаме драстично поскапување на производите – останува да видиме. Она што е битно да се напомене е дека сеуште не е изгласан законот за нефер трговски практики, со кој се очекува да се амортизира состојбата.