Отпаден градежен материјал, стара покуќнина, обувки, облека, постелнини, теписи и што ли уште не, чистат комуналните работници од неколку диви депонии

Сподели го ова:



















Отпаден градежен материјал, стара покуќнина, обувки, облека, постелнини, теписи и што ли уште не, чистат комуналните работници од неколку диви депонии на потегот од надвозникот кај Салида до бензиската Лук оил и над населбата Кузман.





Убавото време веќе дозволува да се продолжи со пролетната акција за чистење на дивите депонии. Мапирани се 12 големи диви депонии во околината на Прилеп, и околу 20 сетина помали.

И покрај апелите отпадот да се одлага во куќните корпи за отпадоци, додека за старата нефункционална покуќнина ,,Комуналец” , има обезбедено посебна линија секој четврток, оваа појава на неконтролирано исфрлање на отпад никако да прекине.

Голема е штетата која се прави и со одлагањето на градежен материјал, иако граѓаните на располагање имаат контејнер од 5м3 за кој ќе платат 1360 ,оо денари, и услуга со трактор со цена од 630, оо денари.

Можноста самоиницијативно да се транспортира отпадот до депонијата во Алинци, според евидентираните влезови најмалку се користи, иако влезот во депонијата не се наплаќа.



Сподели го ова:

Слични објави