Означен почетокот на новата академска година! На Економскиот Факултет во Прилеп, денеска беше одржан првиот академски час
Денес, Претседателката на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, присуствуваше на првиот академски час на Економскиот факултет во Прилеп, одбележувајќи го почетокот на новата академска година. Во своето обраќање, таа им посака успешни студии на сите студенти – бруцоши, истакнувајќи ја важноста на образованието како основен двигател на развојот на општеството и економијата.


Општина Прилеп и оваа година доделува стипендии за студентите запишани во прва година и со тоа се грижи за иднината на младите луѓе и нивното професионално и лично усовршување, со надеж дека токму тие ќе бидат носители на позитивните промени во нашата заедница.
Среќен и успешен почеток на новата учебна година!


















