ВИДЕО: Прилепчанката Цене бара помош за да го прехрани својот син

Животот е навистина суров, посебно за оние наши граѓани со кои судбината длабоко си поиграла со нивните сопствени животи. Една навистина тешка судбина има и нашата сограѓанка Цене Маџуни, која живее во социјален стан во прилепската населба Точила, а благодарение на тв емисијата “Срце на дланка”, бара помош за да го прехрани својот син.
Свесна сум за грешките во минатото, но, никако не можам да ја смирам болката во срцето, зошто не можам да му обезбедам храна и нормални услови за живот на синот Емил – изјави нашата сограѓанка во емисијата “Срце на дланка”.
“Имам само три желби: Да оздрави бато, да имам лаптоп како сите мои другарчиња и мама да не плаче кога треба да ми даде да јадам!!”– вели малиот Емил од Прилеп во оваа ТВ емисија.
Целата сторија ќе можете да ја гледате во емисијата #СрцеНаДланка, оваа недела во 15:45 на #АлфаТв и на нивниот Јутјуб канал:
Напомена: Сликите за оваа објава, и дел од текстот се превземени од Facebook страната од ТВ емсијата “Срце на дланка”.