ВИДЕО – Проданоски: Интензивно се работи на санација на дефектот на примарната водоводна линија на ул. „Леце Котески“
Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп од раните утрински часови се на терен и интензивно работат на санација на дефектот на примарната водоводна линија на ул. „Леце Котески“.
“Во текот на интервенцијата, активностите се координираат со Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица – Прилеп, со цел дефектот да биде отстранет што е можно побрзо и побезбедно. И покрај тоа што дефектот се наоѓа во непосредна близина на објектот на ТППЕ-Прилеп, противпожарната единица функционира непречено и е целосно подготвена да интервенира доколку се појави потреба.
Поради обемот на зафатот, во текот на денешниот ден, како и утре, ќе има нарушено водоснабдување во овој дел од градот.
Упатувам апел за трпение и разбирање до нашите согрѓани додека трае санацијата. Наш приоритет е водоснабдувањето да биде целосно нормализирано во најкус можен рок.
Ви благодарам за разбирањето” – истакна Проданоски.


















