Во Прилеп моментално 884 прилепчани се заболени од Ковид 19

Сподели го ова:
















Живот без корона за прилепчани?! Како ќе изгледа сето тоа? Дали е можно?  Сето ова се дел од прашањата кои што постојано си ги поставуваат прилепчани. Меѓутоа и покрај се, очигледно е дека короната е присутна во градот под Марковите Кули и дека пропишаните мерки од Министерството за здравство не даваат баш конкретен резултат бидејќи сеуште има голем број на активни случаеви. Врз основа на последните податоци од Институтот за јавно здравје, во Прилеп моментално 884 прилепчани се заболени од Ковид 19, бројка која што е навистина голема и не е за потценување. Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови низ државата.Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Битола, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Охрид и Кавадарци. Највисок леталитет се регистрира во Струга, Крива Паланка, Дебар и Крушево.







Сподели го ова:

Слични објави