|

Поради големиот интерес-НАЈАВЕНА Е И ВТОРА ПРЕТСТАВА

Сподели го ова:




Во Прилеп на 26.12.2021 (недела) ќе има детски магичен театарски спектакл. Првата претстава започнува со почеток во 11 часот во НУЦК Марко Цепенков-Прилеп, меѓутоа карти за претставата во 11 часот нема ниту за лек 🙂 Меѓутоа, организаторот на претставата најавува втора претстава-истиот ден 26.12.2021 (недела), со почеток во 13 часот во НУЦК Марко Цепенков-Прилеп. Картите се резервираат на 078/66-77-97. Имено Прилеп е еден од неколкуте градови каде што овој месец ќе гостува оваа ексклузивна претстава. Станува збор за уникатна детска музичка претстава каде Дедо Мраз не можејќи да најде подароци за сите дечиња ќе мора на помош да повика ВИСТИНСКИ МАГИОНИЧАР кој ќе претставува ВИСТИНСКА АТРАКЦИЈА ЗА МЛАДИТЕ ВО ПРИЛЕП. Во претставата е предвидено магионичарот преку магија да извади вистински зајачина, гулаби и многу други останати магични подароци кои не може да ги најде дедо Мраз. Сето тоа, ќе предизвика големо внимание кај најмладата публика за време на целата претстава. Магионичарот освен овие трикови ќе предизивика и други магични трикови заедно со Дедо Мраз. Во претставата исто така учествуваат Старата и Новата година која ќе ја повикаат децата да пристигне во салата. Претставата е пропратена и со музички песни кои специјално за децата ќе ги испеат Дедо Мраз и Новата Година. Учествуваат: Дедо Мраз, Новата година, Старата Година и вистински Магионичар. На крајот следува бесплатно сликање со Дедо Мраз, Магионичарот, белите зајачина и гулабите кои што ќе стојат на рамото на детските посетители, а на ваков начин детската публика ќе создаде уникатен новогодишен магичен детски спомен, спомен кој што долго ќе трае како еден драгоцен спомен од нивното детско. Како резултат на тоа што до сега станува збор за уникатна магична детска музичка претстава каква што не прикажана во нашата земја, претставата овој месец е поканета да гостува во повеќе градови во нашата земја, а честа ја има секако и градот Прилеп.Резервации на 078/ 66-77-97 или директно во игротека Моја Бајка и Игротека Jim Jam во Точила!






Сподели го ова:

Слични објави