Православната црква ги делеше, а татко ги запали библиите кои се со благослов на архиепископот г.г. Стефан
Како што пренесува Религија.мк, неколку лица повикуваат на палење и палат Библии за деца, само затоа што биле напишани од автори кои не се православни, и истите се претставуваат како верници на МПЦ-ОА од Преспанско-пелагониската епархија. Станува збор за библиите кои деновиве православната црква ги подаруваше на најмладите, а татко заедно со своите деца ги запалил токму тие библии кои се со благослов на архиепископот г.г. Стефан
Преку фејсбук повикот го објавил извесен Кире Писмановски, кој напишал: „Браќа и сестри доколку му подарија ваква библија на вашето дете денес најмалку што можете да направите за вашето дете , а и за вас е да ја фрлите или запалите.. Толку“.
Меѓутоа, на неговиот сопствен пост во коментарите е прикачено и едно видео во кое е прикажано како друг корисник пали два примерока од библијата, а како наслов на видеото напишал: „Православие или смрт“.