„Нема место за насилник таму каде што учат нашите деца!“: Целосен бојкот на наставата од страна на родителите на учениците во ООУ „11 Октомври“ – Скопје
„Нашите деца нема да учат со насилник“, а ваквата одлука е донесена во знак на бојкот заради префрлањето на ученик во ООУ „11 Октомври“ – Скопје, кој бил префрлен во ова училиште откако во другото училиште истиот овој ученик покажал проблематично однесување и бил насилен кон неговите соученици.
„Нашите деца нема да учат со насилник“! „Со безбедноста на нашите деца нема да преговараме“! – порачаа родителите на учениците од ООУ „11 Октомври“ во Општина Центар.