ВИДЕО: Новогодишно обраќање на Претседателот на Совет на Општина Прилеп – Дејан Проданоски

Сподели го ова:
























Доаѓањето на новата 2024-та година, буди нови очекувања и надежи за посреќна, поубава и по просперитетна иднина – меѓу другото истакна Претседателот на Совет при Општина Прилеп – Дејан Проданоски, во неговото новогодишно обраќање, кое целосно Ви го пренесуваме во прилог на оваа наша објава:

Почитувани,

Годината која помина, беше година во која секој од нас, се соочи со предизвиците на новото време и светската економска криза, година во која високата инфлација, скапата електрична енергија и поскапите производи, особено се почувствуваа во Република Македонија.

Доаѓањето на новата 2024-та година, буди нови очекувања и надежи за посреќна, поубава и по просперитетна иднина.

Годината која доаѓа да биде година во исполнување на вашите желби, како на личен така и на професионален план.

Во овие мигови кога ја чувствуваме новата надеж, да се потсетиме на основните човечки вредности, за тоа дека треба да бидеме хумани, да бидеме солидарни, да бидеме чесни и праведни, да се почитуваме и да си простуваме еден на друг.

Да бидеме одговорни и сите заедно со заеднички придонес да продолжиме да градиме просперитетно општество за нас и за генерациите кои доаѓаат по нас. Само на таков начин, кога со чиста намера и кога несебично секој од нас би се вложил за доброто на сите, ќе покажеме вистинска љубов кон татковината.

Во новата година и празничните денови кои доаѓаат ви посакувам многу здравје, љубов, радост и хармонија во вашите домови. Среќна нова 2024-та година! – истакна Претседателот на Совет на Општина Прилеп – Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави