Премиерот Мицкоски за претходната власт: Oд голтари станаа милионери
„Па да јас од тоа што го слушам од страна на опозицијата во овој период освен тоа што е безидејна порака и порака што не допира никого, се и овие би рекол гимнастики коишто ги прават на отворена сцена коишто им се враќаат како бумеранг, негативен врз нив тие забораваат дека 1.300 мислам беа производи на коишто им го покачија ДДВ од 5 на 10 проценти а потоа додадоа и данок на луксуз. Зошто воведоа данок на луксуз? За да можат тој луксуз да го користат преку наместени тендери да го крадат истиот буџет и да завршува во нивни приватни џебови“, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање при неговата посета на Општина Кавадарци.
Премиерот прецизираше дека лица од претходната Влада на грб на граѓаните стекнаа многу имоти.
„Да бидам попрецизен, тоа го користам честопати во изминатиов период, од голтари станаа милионери, буквално од голтари сега милионери ги гледаме со хациенди, со раскошни возила, со имоти надвор од Македонија и така натаму. Тоа е разликата“, подвлече Мицкоски.