Изминатата вечер, казни за 45 прилепчани кои возеле под дејство на алкохол

Сподели го ова:
























Во текот на изминатата вечер (10/11.12.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 54 возачи. Од нив 45 на територија на Прилеп, 6 во Битола, 2 во Ресен и еден возач во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 54 други прекршоци.

Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.




Сподели го ова:

Слични објави