|

Веселите Ѕвончиња оваа година во Прилеп ќе настапат на спектакуларна фестивалска сцена

Сподели го ова:


















Најновите учесници од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022, годинава во месец мај во големата сала во НУЦК “Марко Цепенков”-Прилеп, ќе настапат на спектакуларна фестивалска сцена осветлена со ротирачки светла во боја кои постојано ќе се менуваат во зависност од брзината и стилот на секоја песна, а исто така во позадина ќе има и движечки ротациони слики-видеа, како и светлосни ефекти кои ќе ја доловат атмосверата на секоја новосоздадена песна. Како што изјавува Уметничкиот Директор на Фестивалот Гоце Илиески Балада, оваа година учесниците ќе настапат на спектакуларна фестивалска сцена, онака како што и навистина заслужува овој фестивал кој го има епитетот МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД. Моментално, постои голем интерес за пријавување за учество на следното издание на прилепскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022. Најголемиот дел од пријавените се од Прилеп, меѓутоа сега за сега има и неколку пријавени кандидати за учество и од другите градови за детскиот и тинејџерскот музички блок на прилепскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022. Доколку имате и Вие од 5 до 14 години не ја пропуштајте оваа екстра можност и пријавете се за учество на четвртото издание на моментално најактуелниот детски фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022. Колку за потсетување, трето издание на фестивалот помина доста успешно во Прилеп, и истото се одржа на камената бина, а за да сцената на камената бина изгледаше фестивалски, се погрижија професионалците од прилепската цвеќарница “Арт”. Токму на ова последно фестивалско издание пред повеќе од 1000 присутни кои уживаа во песните од најновото фестивалско издание за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД беше прогласен детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” Публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал покрај за најмладите, остава простор и за тинејџерите. Како резултат на светскиот квалитет на песните, од неделата Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 5 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!! Во прилог погледнете ја галеријата на дел од учесниците од минатите години кои настапија на Весели Ѕвончиња.

Нема опис за фотографијата.
Нема опис за фотографијата.
Нема опис за фотографијата.
Нема опис за фотографијата.
Нема опис за фотографијата.
Нема опис за фотографијата.
Нема опис за фотографијата.
Нема опис за фотографијата.
Нема опис за фотографијата.
Нема опис за фотографијата.
Нема опис за фотографијата.


Сподели го ова:

Слични објави