Лудак! 67 годишен дедо возел во спротивна насока на автопатот Тетово – Скопје
На 08.11.2024 вечерта, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле лицето В.Т.(67) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека со своето сопствено патничко возило „Мерцедес“ кое било со скопски регистарски ознаки управувал на автопатот Тетово-Скопје во спротивен правец, и тоа од наплатна рампа Тетово до наплатна станица Желино.
На таков начин лицето создало општа опасност во сообраќајот.
