Годинава, прилепчанката Вики по трет пат ќе пее на “Весели Ѕвончиња by JANA”

Сподели го ова:


Годинава, прилепчанката Вики по трет пат ќе настапи на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” во тинејџерскиот дел на фестивалот, дел кој што специјално е креиран за учесниците тинејџери.Тинејџерскиот дел е веднаш после детскиот музички фестивалски дел, дел каде што настапуваат деца од 4 до 11 години, додека пак во тинејџерскиот дел настапуваат тинејџерите со екстра тинејџерски хитови…..Имено, Викторија Стојаноска-е уште една тинејџерска ѕвезда од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, која што на овој најактуелен детски музички фестивал настапува во тинејџерскиот музички блок. Имено, Вики по трет пат му ја довери довербата на Гоце Балада да и направи екстра песна за следното издание на “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022, а аранжманот и оваа година ќе биде дело на Рубин Димкоски. Со други зборови, оваа детска-тинејџерска музичка ѕвезда ќе ја гледаме и на најновото фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кое ќе се одржи во Мај 2022 година во Прилеп. Песната која што ќе ја отпее Вики наредната година е во екстра модерен тинејџерски стил, песна која што со сигурност ќе ги освои срцата на присутната публика.

Минатата година, Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” во Прилеп на своето трето фестивалско издание беше прогласен за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД, а на овој фестивалски ден публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал покрај за најмладите, остава простор и за тинејџерите. Доколку имате од 4 до 14 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!






Сподели го ова:

Слични објави