ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Христијана која освои медал на светското првенство – херојски пречекана во родниот град
Репрезентацијата на МТТФ на Светско Таеквон-до ИТФ првенство во Астана-Казахстан, ја претставуваше нашата држава во две дисциплини, во спаринг – борби и форми-борба со замислен противник. Токму од ова светско првенство имаме одлична вест, а тоа е дека нашето храбро македонско девојче Христијана Парулеска го даде својот максимум, и не израдува со одлични резултати. Имено, оваа млада охриѓанка освои бронзен медал на ова светско првенство во категоријата спаринг борби / јуниорки од 14-15 години.
Христијана која освои медал на светското првенство, вчера беше херојски пречекана во родниот Охрид:
“Верувам дека не постои охриѓанец кој не се радува на достигнувањата од Христијана Парулеска.
За радоста да биде уште поголема Христијана ни овозможи уште еднаш во краток период да се собереме и колективно радуваме.
Овој пат повод за тоа е освоеното 3то место на Светското првенство во теквондо. Во категоријата на спаринг борби таа беше подобра од учесничките Русија, Канада и Грција. За жал поради повреда од 1/4 финалето во полуфиналето и покрај водството од 4:1 натпреварот мораше да го предаде.
Христијана е нашиот шампион, Христијана е нашата гордост и Христијана ни покажа дека со љубов и работа не постојат недостижни работи” – истакна градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.