Директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп Игор Гулабоски, со известување до граѓаните на Општина Прилеп

ЈКП “Водовод и канализација”-Прилеп, како јавно, и пред се како одговорно претпријатие кое работи и функционира во интерес на граѓаните, со кое успешно раководи директорот Игор Гулабоски, како резултат на високите температури со кои се соочуваме и правилното користење на водата, до граѓаните на општина Прилеп го упатува следново известување, кое Ви го пренесуваме во целост:
“Почитувани граѓани на Општина Прилеп во изминативе неколку денови потрошувачката на питка вода во градот е енормно зголемена , екипите на ЈКП “Водовод и канализација” – Прилеп ја следат состојбата на водоснабдувањето во градот и во овој момент имаме максимален доток на вода, но поради екстремната потрошувачка од страна на граѓаните, во високиот дел на ниската зона во градот имаме намален притисок .

ЈКП„ Водовод и канализација“ Прилеп упатува апел до граѓаните на Општина Прилеп:
Нашите резерви на питка вода се доволни за да ги задоволат Вашите вообичаени потреби.
Сепак, имајќи ги во предвид жешките денови, Ве молиме да помогнете да се избегне несовесната потрошувачка на вода, како наводнување на зелени површини , миење на улиците и дворовите со питка вода.
Директорот на ЈКП„Водовод и канализација“ – Прилеп Игор Гулабоски упатува повик до сите граѓани на Општина Прилеп што имаат проблем со водоснабдувањето веднаш да се обратат до ЈКП „Водовод и канализација“- Прилеп. Ви благодариме за вашето разбирање, соработка и подршка” – истакнуваат од ЈКП “Водовод и канализација”-Прилеп во нивното денешно известување кое е упатено до граѓаните.