Вечерва и утре, црквата св. “Преображение Господово” во Прилеп ќе врие од верници
Црквата св. “Преображение Господово” во Прилеп упати покана до верниот православен народ по повод празникот посветен на Светото Преображение Господово.
Имено, денеска на 18.08.2024 (НЕДЕЛА), во храмот ќе има Празнична Архиерејска Вечерна со почеток од 18:00 часот со која ќе чиноначалствува надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство г. Петар – Митрополит Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – новозеландски.
Веќе утре на 19.08.2024 (понеделник) – ќе има Празнична Утрена со Света Литургија со почеток од 07:00 часот, а од 9 часот ќе се изврши чинот на благословување на лозовиот плод (грозје) и мал водосвет во дворот на храмот.
За многу години – Христос помеѓу нас!