ЉУТКОВ: Да ги едуцираме нашите деца да ги знаат сопствената историја, култура и традиција
Синоќа, министерот за култура и туризам Зоран Љутков беше дел од отворањето на 14-тото фестивалско издание што се одржува во организација на културно – уметничкото друштво „Дримкол“. Покровител на Фестивалот се Министерството за култура и туризам и Општина Вевчани.
“За една држава која сака да си ја развива културата, традицијата и обичаите многу е важно да ги поддржува ваквите настани, посебно оние кои го имаат предзнакот на фолклорот, бидејќи тука се прави паралелата на она што било во минатото и она што е денес. Да ги едуцираме нашите деца и да им го трасираме патот да си ги знаат сопствената историја, култура и традиција…
…Фолклорот е нашиот белег. Да се вратиме на своите корени, да си го препознаеме она што е наше автентично, уникатно и да го негуваме. Пред ервопските земји да се презентираме со нашата култура, традиција и историја и да покажеме по што сме ние уникатни и единствени” – истакна министерот за култура, Зоран Љутков.