Црквата соопштува: “Водокрст” ако се падне во недела не е строг пост, туку се пости со масло

Сподели го ова:





























“Почитувани браќа и сестри,

Во недела, на 18 јануари, Црквата го празнува Водокрст, денот посветен на светите маченици Теопемт и Теона, а воедно тоа е и навечерието на големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Во црковната традиција, овој ден обично се пости строго, без масло – пост кој во народот е познат како „нејатка“, како знак на духовна подготовка за празникот на јавувањето на Света Троица на реката Јордан.

Но, оваа година Водокрст паѓа во недела.

Имајќи предвид дека во јавноста, а особено на социјалните мрежи, веќе се појавуваат поуки и објави од поединечни „познавачи“, кои тврдат дека во недела, на Водокрст, треба да се пости строг пост (без масло), со должна почит, мора јасно да се каже дека таквото поучување е канонски неточно и претставува сериозна грешка.

Светите канони на Православната Црква недвосмислено забрануваат строг пост во недела, бидејќи неделата е ден на Воскресението Христово, ден на радост, евхаристиско заедничарење и благодарност, а не ден на аскетска жалост.

Ова е јасно изразено во: 66. Апостолско правило (Толкувањето на епископ Никодим Милаш):

„Ако некој од клирот пости во НЕДЕЛА или во САБОТА, освен една единствена сабота – Велика Сабота, нека биде расчинет; а ако е лаик – нека биде одлачен (исклучен од Црквата).“

Ова апостолско правило: се однесува конкретно на строг пост и важи за сите времиња и сите постови.

Па така, кога Водокрст паѓа во сабота или недела, постот не се укинува, но строг пост (без масло) не е дозволен, туку постот се ублажува (се допушта масло но не и риба), во согласност со канонскиот поредок на Црквата.

Затоа, да внимаваме од површни и самоволни толкувања, колку и да изгледаат „побожни“, и да се држиме до преданието на Црквата, кое не нè води во крајности, туку во вистина.

Нека Воскресението Христово, кое секоја недела го славиме, биде мерка и за нашиот пост и за нашата вера” – се вели во соопштението на прилепскиот црковен храм св.Петка – Прилеп.

Mid-adult woman shopping on a budget. She is looking for low prices due to inflation, standing and holding a milk carton. She is living in the North East of England.



Сподели го ова:

Слични објави