ВМРО ДПМНЕ: Владата итно да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за 50% помала акциза за горивата, народот е жртва на неспособна и криминална влада

Сподели го ова:


Власта на СДСМ и ДУИ прво убедуваше дека нема да има поскапувања, па потоа дека тие нема да се одразат на стандардот на граѓаните-се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Во прилог Ви го пренесуваме нивното соопштение во целост:

“Да биде уште потрагично, власта се фали дека имале информации за кризата од пред 4 месеци, а сепак ништо не презеле да превенираат.

Последните поскапувања на горивата уште повеќе ќе ја разгорат инфлаторната спирала во Македонија. Горивата на година ипол поскапеа за над 80% и имаат директна импликација врз цената на транспортот, храната, услугите и производите кои ги користат граѓаните. Но власта на СДСМ и ДУИ абер нема да ги намали акцизите и таксите со цел да им излезе во пресрет на граѓаните и стопанството.

ВМРО-ДПМНЕ бара итно и неодложно прифаќање на мерката за намалување на акцизата кај горивата за 50%, со која дизел горивото ќе поевтини за 9,5 денари, а бензините за цели 13 денари.

Дополнително бараме да се намали данокот на додадена вредност за производите за исхрана и за топлинската енергија, односно парното да бидат со 0%, а ДДВ за електричната енергија да биде 5% и во остатокот од 2022 година.

Ова значително ќе го намали ценовниот шок и ќе го заштити стандардот на граѓаните”-се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.





Сподели го ова:

Слични објави